Спорт

Одбојкарите на Струмица од утре во Тетово во одбрана на ланската Шампионска и КУП титула

Одбојкарите на Струмица утре ја отвараат новата натпреварувачка сезона. Се игра првото коло од Првата машка одбојкарска лига која годинава ќе брои 10 екипи. Ждрепката посака избраниците на Кире Ричлиев одбраната на двојната круна од последната сезона да ја почнат од Тетово

Таму ќе ги одмерат силите со Универзитет Тетово кој дебитира под ова име на одбојкарската сцена а во чии редови има познати и искусни имиња

По пауза од неколку сезони во одбојката во Струмица се враќа Ристо Николов и Јане Попов а во редовите на шампионот во ова сезона ќе заиграт и  Марјан Урдов и Боре Грендов . Заедно со останатите одбојкари од минатата сезона но и младинските погони од каде неколку деца сериозно чукаат на вратите на првиот состав,  ќе треба да го оправдат епитетот  Струмица одбојкарски град

Од составот на ОК Струмица ќе ги нема Маџиров и Наков кои заминаа да играт во Косово

,, Сеуште не го знаеме квалитетто на останатите тимови. Ќе биде интересно но веруваме дека ќе го имаме главниот збор и во годинашнава сезона,, прокоментираа од ОК Струмица

Препорачуваме:

Горан Пандев од АМС номиниран за спортист на 2020

Ване Трајков

На ,,Street basket,, во Владевци ќе има натпревар за најдобар стрелец на тројки!

Ване Трајков

ПМФЛ: Брера го совлада шампионот Струга

Ѓ. K.