Спорт

Одбојкарите на Струмица и кикбоскерите на Тим Зоран избрани за најдобри во струмичкиот спорт за 2017

Кикбоскерот  Пепи Велков е избран за спортист на Струмица за 2017 додека за спортска екипа шампионскиот состав на ОК,, Струмица,, чиј стратег Кире Ричлиев е прогласен  за најдобар тренер за минатата година. Ова е епилогот од  манифестацијата ,,Избор на спротист на општина Струмица,, што ја организираше Сојузот на училишен спорт заедно со Општина Струмица под покровителство на Градоначалникот Коста  Јаневски и Советот на општината

Во младинските категории  најдобар спротист е Витанче Витанов од КБК  Тим Зоран,  чиј тренер Зоран Спасов го понесе признанието најдобар тренер во малдински конкуренции додека младинците на ОК Струмица за најдобра младинска спортска екипа

Друштво на најдобрите им правеа фудбалерките на ЖФК Тиверија и ОК Наковски Волеј и ФК Беласица чии номинации ги освоија вторите и третите места.

На изборот ги немаше фудбалерите на ,,Академија Пандев” кои минатата година испишаа историја и освоија пласман во фудбалската елита. Ги немаше  ниту од младинските погони на Академијата кои се во врвот од мак фудбалот.  Според организаторите на манифестацијата, од клубот не доставиле свои номинации во шестте категории на изборот и затоа не се гласало за нив оти такви биле пропозициите на ова манифестација

Повеќе за Изборот на најдобрите спортисти во понеделник во емисијата ВИС СПОРТ….

 

фото – СтрумицаНет

Препорачуваме:

Пепи Велков и Тим Зоран ги собраа златата и медалите на првенството во Неготино

Ване Трајков

25-годишниот Илјаз Чилјафи е новото засилување на Брера Струмица

Ѓ. K.

Кожув одигра хуманитарен меч меѓу две генерации на ветерани

Ване Трајков