Регион

Објвена збирката ,,Молитвеник на предходниот живот„на струмичката поетеса Сузана Мицева

Збирката песни ,Молитвеник на предходниот живот„ на струмичката поетеса Сузана Мицева,која беше второрангирана за наградата “Јован Котевски„ што струшките книжевни средби ја доделува за поетска збирка излезе од печат во издание на културниот центар“Бран„ од Струга.

Мицева , како што информира издавачот на достоинствен начин се вклопува во македонското женско писмо

-Нејзината поезија не само што извира од животот туку на свој посебен аргументиран начин оживува слики од минатиот живот, стои во информацијата

Мицева вели дека е среќна што жирито го издвоило нејзиниот поетски ракопис како еден од најдобрите.

„Оваа стихозбирка содржи три циклуси песни коишто меѓусебно се поврзани со поетскиот глас кој доаѓа од едно друго време, зборува за животот претходно, но имплицирајќи на сегашноста. Секоја песна во книгата е остров за себе, но може да се чита и заедно, како една голема поема на човековата душа“ – вели поетесата.

Препорачуваме:

1225 слободни места во трите средни училишта во Струмица – вкупно 2076 во Југоистокот

Сузана Мицева

Во Богданци нацртан мурал со ликовите на Ѓорѓи Колозов и Ванчо Петрушевски

Ѓ. K.

Гореа две куќи во Гевгелија

Ѓ. K.