• Wed. May 15th, 2024

Објавен Јавен повик за избор на консултант/едукатор за проектот едукација на наставниот кадар и учениците од основните училишта за селекција на отпад

ByЃ. K.

Jan 30, 2024

Во рамките на Програмата за активностите во областа на заштитата на животната средина на подрачјето на Општина Струмица за 2024 година, а на иницијатива на градоначалникот Костадин Костадинов е објавен Јавен повик за избор консултант/едукатор за проектот едукација на наставниот кадар и учениците од основните училишта за селекција на отпад и зачувување на постоечката опрема за отпад на територија на Општина Струмица.

Право на учество на Јавниот повик имаат сите заинтересирани стручни лица (консултант/едукатор) кои се подготвени и имаат искуство во областа на животната средина.

Апликантот кој ќе биде избран од тричлена комисија формирана од Градоначалникот, најдоцна до десет дена од потпишувањето на договорот треба да достави план и програма за спроведување на овие активности кој ќе треба да ги реализира најдоцна до 01.06.2024 година.

Подетални информации за Јавниот повик кој е отворен 10 дена може да се најдат на веб страницата на општина Струмица.

https://strumica.gov.mk/наставниците-и-учениците-од-основнит/

By Ѓ. K.