• Sun. May 19th, 2024

За 12 години постоење преку СИСТЕМ 48 решени 13.033 проблеми на граѓаните на Општина Струмица

ByЃ. K.

Jan 31, 2024

Општина Струмица секогаш се трудела да го најде најбрзиот и најефикасен начин за решавање на секојдневните проблеми на граѓаните. Веќе 12 години е во функција општинскиот сервис за пријавување на комунални проблеми Систем 48, затоа што овие проблеми се и најчестите со коишто се соочуваат граѓаните. Токму поради тоа што овој сервис се покажа како најдобар избор, тој денеска се најде на дневен ред на тркалезната маса на којашто во организација на ИРИ во Скопје се промовираа и разменуваа добрите пристапи на локалната власт за градење на доверба на граѓаните.

За функционирањето на СИСТЕМ 48 и неговите придобивки за граѓаните на Струмица, на тркалезната маса зборуваше заменичката на Градоначалникот, Елена Магеровска Паликарова.

-Во досегашното 12 годишно постоење на овој општински сервис се доставени и решени вкупно 13.033 проблеми на граѓаните, од кои најголем дел се од областа на уличното осветлување и собирањето на смет. Ова е одлична бројка којашто потврдува дека Систем 48 е навистина вистински сервис којшто добро си ја врши работата, прифатен е од граѓаните и ја има нивната доверба. Преку него ја зголемуваме и транспарентосноста на јавно достапните услуги кои ги нуди Општина Струмица, подобрување на нивниот квалитет и професионално решавање на пријавените проблеми. Истовремено, овој сервис му овозможува на Градоначалникот, да ги следи, промовира, анализира и подобрува резултатите создадени од секоја општинска служба, рече Магеровска Паликарова.

By Ѓ. K.