Регион

Ново Коњарево ќе добие ординација по општа медицина ,работењето на лекарот ќе го субвенционира државата.

Во дваесет села во земјава меѓу кои и Ново Коњарво ќе добијат ординации на матични доктори по општа медицина. Избраните ординации со кои ќе биде склучен договор ќе добијат поволности од државата. Според најновите измени на Законот за здравствена заштита, во новоотворената ординација докторот самостојно ќе може да укажува здравствена заштита, без учество на медицинска сестра во тимот, но не подолго од 24 месеци од основањето на ординацијата. Оваа мерка ќе биде во сила сe додека докторот на медицина не го изберат како избран лекар 700 пациенти, по што тој има обврска да го комплетира тимот.

Новите ординации отворени во руралните подрачја, ќе добиваат зголемен износ на капитација, согласно критериумите за рурални подрачја. Фондот за здравствено осигурување за оваа намена издвои најмногу 90 000 и најмалку 60 000 денари по месец, а од 1 јули годинава капитацијата ќе биде најмногу 99.000 денари и најмалку 66.000 денари за месец, зависно од вкупниот број осигурени лица што ќе ги згрижи лекарот.

Со новата одлука ќе се субвенционира патот на докторот за сите релации над 25 километри, во случаи кога има обврска да патува за да им даде здравствена заштита на своите пациенти

Препорачуваме:

Приведени двајца криумчари на мигранти на излезот од Гевгелија

Ване Трајков

Видео: Иселените млади – причина за големиот број необработени земјоделски површини

Ване Трајков

ВИДЕО: Струмичани сметаат дека најисплатливо е греењето на дрва