Регион

Никој точно не знае да каже колку чини автопатот Демир Капија – Смоквица

Никој не знае точно да каже колку ќе чини автопатот Демир Капија – Смоквица кој е во завршна фаза.

Министерот за транспорт и врски Сугаревски денеска беше во Демир капија кај компанијата Еџис која врши надзор на работата на автопатот. Ниту тој, ниту од француската компанија не прецизираа колку точно чини изградбата на автопатот. Сугаревски подвлече дека наскоро ќе излезат со официјална информација

Автопатот од Демир Капија до Смоквица е во должина од 28,2 километри и според официјалниот журнал на ЕУ за јавни набавки овој проект го доби грчката компанија Актор го доби за 210 милиони евра без ддв. Но ова автопатаска делница неофицијално ја надмина бројката од над 270 милиони евра

Од Еџис кажаа дека цената од околу 6,5 милиони евра за еден километар од автопатот е реална со оглед на ситуациите на терен

Паралелено никој не сакаше да коментира и за можните злоупотреби за кои се товари грчката Актор од страна на европската канцеларија за борба против финансиски измами во висина од 50 милиони евра

Препорачуваме:

Околу 60.000 евра додели Гевгелија за културата во 2023 година

Сузана Мицева

Најава ТВ Ординација со д р Андреј Петров

Dimitar Micev

Поради зачестената појава на напади врз граѓаните од кучиња скитници, о.Гевгелија че врши засилена акција за заловување

Стојне Митева