Регион

Нема заразни болести во транзитниот центар Винојуг во Гевгелија

Гевгелискиот транзитен центар Винојуг нема опасност од заразни болести. Во центарот има едвај педесетина луѓе и условите се задоволителни, велат од Јавната здравствена установа Гевгелија. Тие денска извршија редовен увид, констатирајќи дека објектите кои се со капацитет до 2 илјади луѓе, се чисти и добро затоплени.

Раководителот на Центарот за управување со кризи во Гевгелија, Зоран Лазаревски, вели дека просторот и објектите во центарот реовно се дезинфицираат, а во зависност од потребите и фреквенцијата во Винојуг, тоа може да биде од двапати дневно до еднаш во неделата.

Вчера во транзитниот центар Табановце се регистрирани шест случаи на шуга и два случаи на варичела. Лицата кои се заболени од шуга се на возраст од 14 до 34 години, а заразено е и едно едногодишно дете. Двата случаи на варичела се регистрирани кај деца од 5 и 8 години. Сите заразени се под соодветна терапија, а лицата со кои претходно биле во контакт се изолирани. Во моментов, во табановце има повеќе од илјада бегалци и мигранти, а санитарните услови не се задоволителни.

Катастрофална е ситуацијата и со кампот во Идомени, кој е на неколку стотини метри оддалеченост од гевгелискиот Винојуг. Во шаторите долж граничната линија, на грчката страна повеќе од три недели кампуваат околу 15 илјади луѓе. Недостатокот на хигиенски услови, а особено на техничка вода за миење, станува опсаност за појава на многу заразни болести. Последните информации од таму се дека се појавила заразна жолтица.

[wpdevart_youtube]9Jq44-FQVZ8[/wpdevart_youtube]

Препорачуваме:

СДСМ го објави кандидатот за градоначалник во Валандово – ВМРО ДПМНЕ сеуште одлучува

Ване Трајков

Најмладите на Брера Струмица садеа зимзелени дрвца околу теренот каде што тренираат

Ѓ. K.

Вандализам во Радовиш и населените места. 2 милиони денари штета е направена врз детски и спортски игралишта