Забава

Неверојатни верверици со боја на виножито

Индиската џиновска верверица е неодоливо суштество кое премногу долго се криело во длабочината на Индија. Благодарение на упорните фотографи, денес можеме да ги видиме овие кафеави, црвени, бели, виолетови, жолти и портокалови животни. Обично се сами и најчесто излегуваат наутро и навечер.

Кога се исплашени, најчесто од предатори, се здрвуваат и легнуваат на гранка надевајќи се дека нема да бидат забележани.

Опашката на овие животни најчесто е долга околу 180 центиметри.

Вистинска реткост е да видите две верверици заедно.

Ако им оставите храна, можно е да ви се доближат доволно за да ги фотографирате.

Често ги градат нивните гнезда на тенки гранки и се надеваат дека нема да бидат нападнати.

Можат да скокаат од едно на друго место и скокот им е околу 600 центиметри.

Вервериците се раѓаат слепи и потребни им се 26 денови за да им се развие видот.

Погледнете ги и овие неодоливи животни што ќе ви го разубават денот.

извор:www.kafepauza.com.mk

Препорачуваме:

Пензионери имаа велосипедска тура во Гевгелија

Сузана Мицева

Војната како мотив во уметноста во новиот двоброј 8-9 на „Зенит“

Сузана Мицева

Страдате ли од пролетна депресија?

Сузана Мицева