Забава Регион

На 19 август – „Монументал фестивал“ на Спомен Костурницата во Струмица

Првото издание на „МОНУМЕНТАЛ ФЕСТИВАЛ“ во организација на Здружението за поттикнување и развој на алтернативната музичка сцена, уметност и култура КОМОН СЕНС Струмица ќе се одржи во сабота на 19-ти август со почеток во 18:00 часот.

Фестивалот ќе се одржи веднаш над градот, на подзаборавена но вредна за внимание локација – Спомен Костурницата на паднатите борци од НОВ, или на струмички „Белио Споменик“ – која е вклучена во списокот на културно наследство на Македонија. ◻️

За таа цел, службите на Музејот од Струмица веќе ги завршија активностите за детално чистење на отпадоците од површината и вегетацијата, а во периодот што следува, продолжува реконструкцијата на оштетениот мермер, како и хортикултурно уредување на Спомен-костурницата.

Монументал Фест нема да биде само обичен настан, туку своевидно патување на кое споменикот ќе заблеска во сиот негов раскош во присуство на извонредно светлосно шоу, додека преку внимателната селекција на музички ритмови ќе ни се претстават повеќе артисти од локалната и пошироката електронска музичка сцена:

– Бојан Хаџи (Струмица)

– Clubmember (Струмица)

– Lesya (Ново Село)

– Игор Циге (Струмица)

– Дадо К и Мамли (Куманово)

– Митрик и Самарџиски (Скопје)

– Flooder (Скопје)

Фестивалот ќе биде обезбеден и со шанк за освежителни пијалоци како и штанд со храна.

Сабота, 19-ти август

Спомен Костурница – Струмица

Почеток 18:00 часот

Препорачуваме:

Во иднина ќе имаме увид каква е родовата еднаквост во земјава.Наскоро ќе се равива Национален индекс за родова еднаквост

Државниот завод за статистика пресмета раст на просечната плата

Ване Трајков

Водици во Иловица