Регион

На „Гевгелиско културно лето“ промовиран краткометражниот филм „Лазаренки“

Несомнено, „Гевгелиско културно лето“ и годинава им овозможи и сѐ уште ќе им овозможи на граѓаните богати содржински културни настани. Такво приредување им подготви Дом на култура „Македонија“- Гевгелија со премиерата на филмот во сопствена продукција „Лазаренки“, којшто, всушност, претставува филмска адаптација и приказ на обредот како реликвија за етничкиот предел Бојмија (Лазаренките како кулутрен белег на Македонците во минатото).

Филмот содржински обработува вокални нумери и обреди кои македонскиот народ ги практикувал за време на Лазарова сабота, а успешно ги долувуваат уметници од Академскиот ансамбл „Македонија“ при Универзитетот „Гоце Делчев“- Штип со кадри снимани во миравчкото село Петрово, Гевгелиско.

Етнокорелошкиот оддел при ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија со овој проект, всушност, остави аманет- аудитивен и визуелен запис, на гевгеличани, како и на идните поколенија, да се навратат во минатото и со гордост да зборуваат за нивните предци, за богатата култура и сѐ она што благодарение на нив денес е македонскиот народ.

А, како што истакна и вработениот етнокореолог во ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија и проектен координатор, Силвестер Проле, да послужи и за промоција на нашиот регион во други области, како туризмот, екологијата и други хуманистички науки, изразувајќи благодарност до сите инволвирани кои несебично учествуваа и помогнаа во снимањето на филмот.

Препорачуваме:

Тримери во ОУ „Сандо Масев“ Струмица

Воислав Катранџиев со прва награда за квалитетен мед

Уапсен маж од Радовиш, превезувал бесправно исечени огревни дрва

Ѓ. K.