• Fri. May 17th, 2024

Најмладите од Богданци се организираа за да му помогнат на другарчето Игор кое има тумор на мозокот и апелираа за донации

Најмалдите од Богданци  и другари на 14 годишниот Игор кому му е потребен итен оперативен зафат во Турција, вчера се организираа и го информираа населенеито зошто и како да му се помогне на младиот Геленчев кај кого е дијагностициран тумор на мозокот и крварење. Тие самоиницијативно изработија кутии за донации кои ги поставија во паркот во Богданци каде пак во среда ке се одржи хуманитарен хепенинг

Паралелно на адресата на Игор кој живее со самохрана мајка стасаа понуди за помош од сите страни. Телефоните за донации и понатаму се отворени бидејки Игор мора итно да се оперира. Неодамна неговата мајка рече дека нема пари за операција а нејзиното дете има зачестени главоболки и полека почнува да го губи видот и слухот

Телефони за донации   од операторот Т мобиле –  143 – 117

                                                Од операторот ВИП       —   143- 463   …… 100 денари од повик

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *