Свет

НАЈМАЛКУ ДЕСЕТМИНА ЗАГИНАТИ ВО ИЗЛЕТУВАЊЕТО НА КОСОВСКИ АВТОБУС ОД АВТОПАТ ВО ХРВАТСКА

Најмалку десет луѓе загинаа, а 30-ина се повредени во автобуската несреќа што утрово се случи на автопатот кај Славонски Брод во Хрватска. Локалната полиција објави дека станува збор за косовски автобус, кој патувал на релацијата Франкфурт-Приштина.

„Полицијата во 6:22 часот прими дојава за излетување на автобус. На местото на несреќата беше утврдено дека станува збор за автобус со косовски регистарски таблици, кој сообраќал на редовната линија Франкфурт-Приштина. Истрагата е во тек. Повеќе лица загинаа, а 30-ина се превезени во болница“, изјави началникот на полициската станица во Славонски Брод, Фрањо Галиќ.

Тој додаде дека меѓу загинатите и повредените има и деца, а според првичните информации, во автобусот имало повеќе од 60 патници.

„Ситуацијата е многу тешка. Голем број од повредените се во животна опасност“, додаде полицијата.

Засега не се познати причините за несреќата. „Јутарњи лист“ објави дека во автобусот имало двајца возачи, кои наводно се замениле зад воланот по запирањето во Загреб.

извор:https://sdk.mk/index.php/svet/najmalku-desetmina-zaginati-vo-izletuvaneto-na-kosovski-avtobus-vo-hrvatska/

Препорачуваме:

Цела Италија повторно затворена – излегување само со потврда

Сузана Мицева

Шизофренијата втор најголем ризик за смрт од ковид

Сузана Мицева

Украински министри: Руските сили го намалија темпото на нивната офанзива

Сузана Мицева