Регион

Најмалите од ООУ „Видое Подгорец“ од Струмица учеа како безбедно да ја преминуваат улицата

Најмалите од Основното општинско училиште „Видое Подгорец“ од Струмица денес учеа за сообраќајните правила и прописи. Преку едукативно предавање и светлосна сообраќајна сигнализација, полициски службеници им укажаа како да се движат во сообраќајот и најбезбедно да ја преминат улицата.

Овој проект се реализира во соработка со основните училишта, а темата е „Заедно за побезбедно во сообраќајот“.

Кампањата за безбедно преминување на улицата е реализирана од страна на Секторот за внатрешни работи од Струмица преку Отсекот за превенција и полициската станица за безбедност во патниот сообраќај. Проектот ќе се реализира и во останатите основни училишта на подрачјето на општина Струмица.

Препорачуваме:

Николовски во Валандово најави анализа за места каде да се градат откупни центри

Ване Трајков

НУ ЦК „Антон Панов“-Струмица засега останува со в.д. директор

Ване Трајков

ВИДЕО: Анкета за СТРУМИЧКИ КАРНЕВАЛ низ градовите во Македонија

Dimitar Micev