Регион

МТСП: Преку „Младинска гаранција“ вработени 419 лица

Седумдесет млади лица од Струмица добиле вработуивање преку мерката „Гаранција за млади“ што ја спроведува министерството за труд и социјална политика. На огласот се пријавиле 197 кандидати. Од нив, уште 19 се вклучиле во мерката обука кај побарувани занимања, а 24 во мерката практиканство.

Министерката Мила Царовска по посетата во мај, истакна дека од успеноста на овој пилот проект кој освне во Струмица се реализира и во Скопје и во Гостивар, ќе зависи дали ќе продолжи да се имплементира и во наредниопт период.

Инаку од министерството во денешното соопштение истакнуваат дека во првите три месеци од програмата, се вработиле 419 лива, 196 почнале да посетуваат обука, а 160 посчнале пракса во некоја компанија. На ниво на трите општини интерес покажале 1.532 кандидати.

Младинска гаранција е програма на Владата на Република Македонија, чијашто цел е зголемување на опфатот и вклучување на младите невработени лица на пазарот на трудот.

Гаранцијата за млади е отворена за сите млади лица на возраст до 29 години кои се невработени, веќе го завршиле своето образование и не се пријавени во АВРМ. Пријавените добиваат квалитетната понуда за вработување, натамошно образование, стажирање или практикантство. Сите овие, велат од МТСП, се клучни за успешното интегрирање на младите во пазарот на трудот и намалување на одливот на образован кадар од земјата.

Гаранција за млади е активна мерка за вработување на млади лица која се спроведува во државите од Европската Унија од 2012 година. Република Македонија е единствената земја во регионот што не е членка на Европската Унија, а започнува со воведување на „Гаранција за млади, како мерка за зголемување на вработливоста на младите луѓе.

Препорачуваме:

Вo среда, четврток и петок второ прскање против комарци во десетте општини од Југоистокот

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Никола Маџиров дел од жирито за најголемата светска награда за поетска книга Griffin Poetry Prize

Сузана Мицева