Македонија

МТСП: Обезбедуваме топол дом за секое дете

Вработените од Домот за доенчиња „Мајчин дом“ – Битола се подготвуваат за целосна трансформација на институцијата. Денеска и утре учествуваат на обука што треба да заврши наесен. Целта е да се подготви персоналот за престојните промени, кои се дел од преминувањето од згрижување во институција кон давање услуги во заедницата на доенчињата и децата што ќе бидат деинституционализирани, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

„Со досегашниот процес на деинституционализација во ‘Мајчин дом’ – Битола за две третини е намален бројот на деца што престојуваат во оваа институција. Наша цел како Министерство е на сите да им најдеме топол дом. Истовремено, обезбедуваме квалитетни услуги на локално ниво, кои ќе бидат поддршка на згрижувачите, биолошките родители и на децата. Вкупниот број деца смесетни во институции е намален 75  отсто, а нашата главна заложба е сите деца да ги извадиме од големите безлични институции. Со отворањето на малите групни домови и воспоставувањето квалитна база на згрижувачки семејства децата повеќе не се згрижуваат во големите установи“, се наведува во соопштението.

Обуката што почнува денеска опфаќа и развивање и подобрување на меѓусебната комуникација и разбирање, зајакнување на тимскиот дух, но и полесно приспособување во нови работни опкружувања и е организирана од Министерството за труд и социјална политика со поддршка од УНИЦЕФ и британската амбасада.

извор:makfax

Препорачуваме:

Во собранието денес ќе се расправа за породилното боледување

Dimitar Micev

Работодавецот што не ослободува родител на дете до 10 години од работа, да се пријави во инспекторат на 151 31

Сузана Мицева

Се замрзнува маржата на лебот, шеќерот и маслото на 5 отсто, а на брашното, макарони, ориз, кравјо млеко и јајца на 10 отсто

Сузана Мицева