• Sat. May 11th, 2024

Младите надежи на „Брера Струмица“ го освоија второто место на меѓународниот турнир во Банско, Бугарија

ByЃ. K.

Aug 19, 2023

Младите фудбалерчиња од генерацијата 2011 предводени од тренерите Васко Тодоров и Борче Постолов го освоија второто место на меѓународниот турнир во Банско Бугарија.

Тие немаа среќа во финалето во својата конкуренција против романскиот тим „Стеауа“ но покажаа одлична игра за што зборуваат индивидуалните награди.

Имено на турнирот во оваа генерација, Давид Пешов беше прогалсен за најдобар напаѓач додека Васко Христов за најдобар голман. Блескаа и фудбалерите од генерацијата 2010 во чии редови припадна наградата за најдобар голман која ја понесе Петар Талески.

Ова е потврда за потенцијалот што го нуди нашиот клуб ,,Брера Струмица“ за кој прироритет се младите генерации и создавање можности за учество на повеќе меѓународни силни турнири.

By Ѓ. K.