• Sat. May 18th, 2024

Младинскиот репрезентативец Андреј Аризанкоски ја засили Брера Струмица

ByЃ. K.

Jul 20, 2023

Брера Струмица претстави уште едно засилување во своите редови. Нов член на струмичкиот прволигаш е младиот Андреј Аризанкоски, кој минатата сезона настапуваше во тимот на Победа.

  • „Андреј Аризанкоски од Прилеп е новото име на нашиот прв тим.18-годишниот фудбалер, кој игра во одбраната односно дефанзивниот среден ред, настапуваше за Победа, каде во изминатата сезона одигра 17 натпревари. Се работи за млад надежен фудбалер кој е дел и од македонската репрезентација до 18 години веќе се приклучи на нашиот тим во Банско Бугарија“, велат од редовите на Брера.
Во досегашниот дел на преодениот рок Брера ги продолжи договорите со Јанкулов и Ѓорѓиевски, а замина искусниот дефанзивец Димов.

By Ѓ. K.