Регион

Министерот Спасовски на седница на Локалниот совет за превенција на Дојран

Локалниот совет за превенција како меѓуинституционално тело претставува извонредна можност за навремено и точно детектирање на сите предизвици важни за функционирањето на една локална средина, но, уште повеќе – можност за локално стратешко планирање и нудење сеопфатни решенија кои ќе бидат целосно во интерес на сите жители на општината, рече министерот Оливер Спасовски на денешната седница на Локалниот совет за превенција на општина Дојран.

-Партиципацијата на полицијата во работата на Локалниот совет за превенција за нас во Министерството за внатрешни работи е од исклучителен интерес како во поглед на продлабочување на комуникацијата со граѓаните, така и во поглед на интензивирање на таа соработка особено во контекст на нашата примарна цел да ја етаблираме полицијата како реален сервис на граѓаните.  Само преку блиска, секојдневна и отворена комуникација меѓу граѓаните и полицијата можеме да претендираме на подинамично зголемување или подобрување на квалитетот на живеење, од аспект на проблематиките и работите за коишто законски е обврзана и надлежна полицијата. Всушност, токму блискоста и соработка го сочинуваа темелот на ефикасното превентивно делување- рече министерот Спасовски.

Препорачуваме:

Сеидбата на житото ќе доцни два месеца

Сузана Мицева

Радовиш преку фотоволтаици ќе произведува струја и ќе ја дели со општините Василево и Конче

Ване Трајков

Нема нов случај на позитивен од Ковид 19 во Струмица туку станува збор за жител на Косово

Ване Трајков