Регион

Министерот Сали им порача на лекарите – Буџетот нема пари

Министерот Сали им порача на лекарите – Буџетот нема пари

Голем број матични лекари од цела Македонија денеска дадоа поддршка на протестот на матичните лекари кои имаат повеќе барања меѓу кои најважно е зголемување на капитациониот бод од сегашните 63 денари на 90 денари за еден пациент.

На протестот се појави и министерот Беким Сали кој рече дека се прифатливи барањата на лекарите, но нагласи дека во Буџетот за оваа година не се предвидени средства за покачување на капитацијата. Притоа, Сали на лекарите им додели благодарници, но истите не беа прифатени од страна на лекарската фела.

– Сите претставници на здруженијата знаат дека работиме на нов модел на финансирање на примарната здравствена заштита. Работиме на три можни модели за промена на начинот на кој се исплаќаат матичните лекари. Сметам дека денешниот ден е за одбележување на Денот на здравјето, а не за протестирање, изјави Сали.

Претседателката на Здружението на матични лекари, Лилија Чолакова Дервишова уште еднаш ги потврди барањата на лекарите.

–  Првенствено бараме зголемување на капитацијата која сега изнесува 63 денари, додека капитациониот бод на стоматолозите изнесува 48 денари, пари кои се недоволни да се покријат сите трошоци на приватните ординации. Крајно време е да се размислува за нова методологија на плаќање, но тоа би можело да се применува од следната година. Сега, ургентно на цело примарно здравство потребно е да им се покачи капитациониот бод и да им се зголемат буџетите. Исто така бараме режимот на лекови за хронично болните да важат за цел живот,  и да можат матичните лекари да ги издаваат рече Чолакова.

Препорачуваме:

Струмичката болница се полни со Ковид позитивни пациенти

Фото- изложба “Птиците во Градскиот парк“ на Марјан Ѕингаров

Од денеска веќе не важи владината мерка за замрзнати маржи на основните прехранбени производи

Ivana Vangelova