Македонија

МЗ: Во последните три дена 1 171 нов случај на ковид во земјава

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 29.07 до 31.07.2022):

Направени се 2.631 тестови, а регистриран е 1.171 нов случај на КОВИД-19: Скопје – 485, Битола – 87, Кавадарци – 78, Прилеп – 61, Куманово – 60, Охрид – 51, Гостивар – 49, Велес – 43, Тетово – 32, Штип и Струга – по 29, Струмица – 28, Кичево – 23, Гевгелија – 18, Неготино – 15, Ресен – 14, Кочани – 13, Радовиш – 11, Свети Николе, Крива Паланка, Дебар и Валандово – по 6, Виница и Демир Хисар – по 5, Богданци – 3, Берово, Кратово и Крушево – по 2, Македонски Брод и Демир Капија – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (1.171), регистрирани се 275 реинфекции.

Регистрирани сe 1.390 оздравени пациенти од: Скопје – 749, Битола – 117, Кавадарци – 84, Прилеп – 75, Велес и Струмица – по 45, Куманово – 36, Штип – 33, Тетово – 32, Неготино – 25, Гостивар – 19, Гевгелија – 17, Ресен и Радовиш – по 15, Охрид – 13, Кочани – 12, Кичево и Крива Паланка – по 10, Кратово – 6, Валандово и Демир Хисар – по 5, Македонски Брод и Пробиштип – по 4, Свети Николе и Крушево – по 3, Богданци, Демир Капија и Делчево – по 2, Виница и Македонска Каменица – по 1.

Препорачуваме:

СЗО: Дали луѓето може да дозволат здравствена заштита?

Герасимовски: Кризниот штаб утре ќе носи одлуки за чистење на отпадот во „Треска“

Средношколци учат од стари учебници

Сузана Мицева