Регион

МЗШВ ќе поддржи 10 манифестации и настани во Југоистокот, Николовски им ги врачи договорите

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, ги додели договорите за финансиска поддршка за организација на локални манифестации, саеми и фестивали. Оваа година на распишаниот повик пристигнаа рекордни 89 апликации. Од нив 67 ги исполнија условите и добија договори за организација  на настани, од кои дел ќе се одржат за прв пат со поддршка на МЗШВ, а некои имаат долгогодишен континуитет.

„Ова ме прави среќен, ми потврдува дека кога се има стратегија и добри мерки, кога се креираат добри политики за развој, тогаш луѓето кои сакаат да работат го искажуваат целиот свој потенцијал. Затоа оваа година имаме зголемување за 18 нови локални манифестации, кои за прв пат ќе се одржат со наша поддршка. Нова можност за речиси сите општини во државава. Ќе се организираат настани со промотивен карактер и со силни пораки за зачувување на традицијата, локалните обичаи, домашната храна, земјоделското производство, автохтоните раси, екологијата и природните убавини.,, кажа министерот.

Во Југоистокот со поддршка на МЗШВ ќе се организираат 10 настани и манифестации во организација на локалните самоуправи или пак здруженија. Од тие 10 настани три се во радовишкиот регион а останатите 7 во сите општини од Југоистокот

Поддршката за организација на локални настани ширум државата ќе придонесе за поголема туристичка посетеност, афирмација на нашата држава и промоција на познати и непознати дестинации идеални за рурален туризам. Сите локални манифестации, саеми и фестивали, ќе придонесат и кон остварување на повисоки резултати, а тоа е малите производители кои секогаш се присутни на ваквите настани, да добијат можност да ги претстават своите производи.

Препорачуваме:

Еуромакс за Иловица, правдата ќе ја бара пред мегународен суд

Ване Трајков

Сомалиецот Мустафа Ахмед ја посети Бетмен куќата во Радовиш

Ѓ. K.

Синдикат на пожарникари: Додека се бориме со пожарите, има дојави за прекршување на правата од работен однос

Стојне Митева