Регион

Мерката МојДДВ не се стопира, ќе се овозможи опција за донирање

Владата засега не планира да ги стопира мерката МојДДВ моја заштеда и наградната игра поврзана со оваа мерка, изјави министерката за финансии Нина Ангеловска.

– Кај нас доаѓаат предлози од граѓани и овие пари да бидат пренасочени кон решавање на здравствената криза. Ние ги разгледуваме овие предлози, но засега не планираме да ја стопираме мерката – рече Ангеловска.

Таа додаде дека се размислува доколку граѓаните сакаат да ги донираат парите да им се овозможи опција во рамки на апликацијата.

– Тоа ќе значи дека секој кој сака да ги донира парите ќе моќе и тоа да го направи. Но засега тоа е само предмет на размислување. ние ги следиме предлозите на граѓаните , па ќе одлучиме понатаму – рече министерката.

Препорачуваме:

Со мобилна амбуланта Ново Село ќе нуди примани здравствени услуги во планинските села

Со грантот од Светска Банка ќе се гради водоводна мрежа во „Караорман“

Сузана Мицева

Видое Подгорец заслужува поголемо внимание од научната јавност

Сузана Мицева