• Sun. May 19th, 2024

МВР приведе двајца криумчари на мигранти кај Дојран и Гевгелија

ByЃ. K.

Aug 7, 2023

Државјанин од Египет и лице од скопско Рашче се приведени откако беа затекнати кај Дојран и граничниот премин Богородица како помагаат на лица од Сирија илегално да влезат и ја поминат територијата на државата. Станува збор за вкупно 26 лица мигранти кои се префрлени во прифатниот центар во Гевгелија а двете лица ќе заработат соодветни пријави

МВР приведе две лица и против нив ќе поднесе кривични пријави за криумчарење мигранти откако кај Дојран и Гевгелија беа фатени како пренесуваат лица од Сирија. Во првиот случај како што информира началникот на РЦ Југ Славче Богев кај Дојран е приведен државјанин од Египет кој организирал и помагал 25 лица од Сирија меѓу кои пет малолетни лица пешки да ја преминат македонско-грчката граница. Сите 25 мигранти биле префрлени прифатно транзитниот центар кај Гевгелија.
Говори Тони Ангеловски – портпарол на МВР

Приведен е и 27 годишен жител од скопско Рашче. Тој од страна на припадници на Полициската станица за граничен премин и надзор Богородица бил затекнат со 18 годишно момче од Сирија како ја преминуваат државната граница од Грција. Момчето од Сирија е сместен во прифатно транзитниот центар а лицеот од Рашче ќе заработи соодветна пријава, соопшти МВР.

Прилог на Ване Трајков

By Ѓ. K.