Регион

МВР објави оглас за вработување на 50 полицајци во Струмица

Министерството за внатрешни работи денеска објави јавен оглас за прием на 600 полицацајци, согласно своите организациски потреби, како и согласно со одредбите од законите за внатрешни рабои и за полиција, и подзаконските акти.

Сто полицајци се бараат во Сектор за внатрешни работи Скопје, по 50 во секторите за внатрешни работи во Струмица, Охрид, Битола и Куманово, а по 30 во секторите за внатрешни работи во Тетово, Велес и Штип. Во Регионалниот центар за гранични работи Север – 50 полицајци, по 30 полицајци во регионалните центри за гранични работи Запад и Југ, во Регионалниот центар за гранични работи Исток – 20 извршители. Во Одделот за заштита на определени личности и објекти – 30 полицајци, во Единица за брзо распоредување – 30 полицајци и во Единица за специјални задачи – 20 полицајци.

Препорачуваме:

Во пораст бројот на заболени од Ковид-19, можни рестрикции за невакцинираните

Стојне Митева

Започна санацијата на опожарената зграда во Гевгелија

Стојне Митева

Државен инспекторат: Министерството за животна средина незаконски управува со хирдосистемот Ѓавато

Сузана Мицева