Регион

Маската „Маскен марш“ на СОУ „Никола Карев“ од Струмица е прогласена за најдобра во категоријата групна маска со 50 и повеќе лица на Струмичкиот карневал

Маската „Маскен марш“ на СОУ „Никола Карев“ од Струмица е прогласена за најдобра во категоријата групна маска со 50 и повеќе лица на Струмичкиот карневал

Во категоријата на маски со 30 до 50 лица најдобра е маската „Јубелејниот кас на Струма“ на Здружението „Струма“, второто место го освои маската „Пчелин рај“ на ООУ „Видое Подгорец“, а трета награда не е доделена.
Во категоријата групна маска со 20 до 30 учесници најуспешна е маската „Се е во наши раце“ на групата „Мулен руж 2“, а маската „Карневал парти“ на „Кико стил“ го освои првото место во категоријата маски од 10 до 20 лица.

Жири комисијата додели и две дополнителни награди, како и една стимулативна награда на Струмичките мажоретки.
Вкупниот награден паричен фонд за карневалските награди изнесува 8.550 евра, а наградите на најдобрите карневалски маски ќе им бидат доделени утре.

Препорачуваме:

Во пораст бројот на заболени од Ковид-19, можни рестрикции за невакцинираните

Стојне Митева

Заврши доизградбата на патот за Ума – гевгелиско

Ване Трајков

Силувале и снимале малолетничка

Dimitar Micev