Регион

Масакрот на дрвцата по трим патеката над Струмица продолжува, рекреативците се закануваат со протести

Група струмичани кои секојдневно рекреираат по трим патеката од Ловен дом до Св. Илија повторно со писмо до нашата редакција реагираат на безмилосната сеча на дрвцата покрај патеката и неажурноста на одговорните институции да се справат со бесправната сеча над градот. Тврдат дека е извршен нов масакр на локалитетот ,,Ладната воичка’’ и покрај  завчерашните предупредувања но и многуте  пријави до институциите. Очекуваат наредниот период  да се превземаат конкретни мерки со зачестени контроли  на овој потег, со цел да се спречи  уништувањето на шумскиот фонд. Тврдат дека тоа е група од 5-6 луге од ромската заедница кои секојдневно со колички вршат сеча, под изговор дека собираат суви гранки .Најавуваат и протести

,, Прво ќе излеземе пред канцелариите на институциите и општината и ќе штрајкуваме а потоа и сами ќе се справуваме со ,,бандитите’’ оти друго решение нема. Несфатливо е одговорните да седат по канцеларии и не превземаат ништо, иако факт е дека секојдневно во утринските часови, се носат дрвја со колички . Ние граѓаните Ве плаќаме со народни пари.  Дали сте свесни дека околу Ловен дом и трим патеката има уште малку дрвца’’ стои во писмото – реакција од загрижени струмичани кои бараат од надлежните пенергична реакција

Проблемот со бесправната сеча по трим патеката не е нов.  Таму  секојдневно се сечаат по неколку дрвја кои потоа со колички се симнуваат до Ловен дом. Доброупатените сметаат дека групата е организирана за да се избегнат контролите. Дел од дрвокрадците биле и насилници кои честопати на рекреативците им се заканувале со физичка пресметка.

Рекреативците бараат со ова предупредувачко писмо да излезат преставниците на институциите на терен и да ја согледат состојбата, оти како што е тргната работата ,,белите дробови’’  на Струмица за некоја година ќе ги нема оти по трим патеката не остана ниту едно дрвце а Струмица од година во година ќе биде се позагадена општина

Препорачуваме:

Видео: Жителите на Босилово собраа 1200 kg пластика а од општината беа наградени со овошни садници

Ване Трајков

Во Скопје собирале пари во име на излекувано девојче од Пирава

Сузана Мицева

Приведени дилери од Струмица, пронајдени кокаин и марихуана

Ване Трајков