Свет

Мало гратче среде Ломбардија во Италија нема ниту еден заразен со коронавирус

Италија е на листата со најмногу смртни случаи од коронавирус во светот. Речиси по илјада луѓе умираат дневно од вирусот а областа Ломбардија е целосно под карантин еден месец. Сепак, среде Ломбардија се уште има гратче без ниту еден заболен. Местото Ферара Ербононе има околу 1.100 жители и ниту еден заболен од вирусот, пренесува Makfax.

„Ние сме горди и среќни што имаме ваква ситуација, но не можам да кажам дека не се плашиме затоа што луѓето умираат во градот до нас“, вели локалната продавачка Мери Де Лука.

Сè уште не е јасно зошто градот, на 50 километри југозападно од Милано, е целосно поштеден од коронавирусот.

„Бевме многу внимателни од првиот ден“, вели Де Лука, сопственичка на самопослуга.

„Нашите клиенти од почетокот на појавата носат маски и ракавици“. Таа ги пофали локалните власти и локалната цивилна заштита за навременото информирање на јавноста и распределбата на заштитни маски.

Препорачуваме:

Рим ќе добие жена за градоначалник

Полската писателка Олга Лалиќ – Кровицка, нов член на меѓународната редакција на Зенит

Сузана Мицева

Бајден потпиша указ за санкции против Русија

Сузана Мицева