Спорт

Круљ: Мојата екипа има сериозен карактер и сериозен потенцијал

Тимот на Брера Струмица ја прекина низата лоши резултати во ПМФЛ, а во последниот меч, со победа од 2-1 над Работнички, ги прослави своите достигнувања.

Тренерот Бојан Круљ истакнува дека конечно се остварила долготрајната идеја и дека неговите играчи покажуваат впечатлив карактер и потенцијал.

„Ова беше многу важна победа за нашата екипа, Беше тешко, примивме гол од пенал на стартот, но потоа се покажа она што го зборувам подолго време. Мојата екипа има сериозен карактер, сериозен потенцијал и со заедништво дојдовме до победа. Им честитам на сите мои фудбалери, оние кои го почнаа натпреварот и оние кои влегоа од клупата. Сега се насочуваме кон следниот дуел, со Тиквеш во Кавадарци“, рече Круљ.

Брера Струмица сега е на седмата позиција со 30 бода.

Препорачуваме:

Видео: Стојанов – поквалитетни сме од Беласица, Аџиманов – потфрливме

Ване Трајков

Фото – Верен на ФК Беласица и сино белата боја и на венчавката !!!

Одбојкарки на Наковски волеј ќе ги бранат боите на Македонија на квалификациите за европското кадетско првенство во Србија

Ѓ. K.