Спорт

Кристијан Велиновски од Брера Струмица се сели во Азербејџан

Офанзивниот фудбалер на „АП Брера Струмица“ – 24 годишниот Кристијан Велиновски официјално направи трансфер во ФК „Сумгаит“ од Азербејџан.

Станува збор клуб кој се натпреварува во тамошната Прва лига и по четири првенствени кола има две победи, еден пораз и едно ремии се наоѓа на 4 позиција на табелата со меч помалку од останатите екипи. Азербејџанскиот прволигаш кој тежи околу 6 милиони евра, плати обештетување за преминот на Кристијан Велиновски во нивните редови при што се договорени и процентите за евентуалните следни трансфери за „АП Брера Струмица“.

Кристијан Велиновски во „АП Брера Струмица“ дојде на 16 годишна возраст во младинскиот погон. Контуинирано напредуваше со својата игра и од 1 јануари 2018 премина во сениорскиот состав. По одиграна една полусезона за тимот на Брера беше даден на заем на Штипска „Брегалница“ на една година.

Велиновски кој беше стандарден првотимец, за шестте натпреварувачки сезони во Првата лига во дресот на Академијата сега „АП Брера Струмица“ има одиграно 113 првенствени и КУП натпревари при што постигна 15 гола а имаше и 14 асистенции.

Препорачуваме:

Наковски Волеј во КУП финале по победата над Пелистер

Ване Трајков

Утревечер Макс-Нексе за рехабилитација на голманот на Хризонт – Кико

Ване Трајков

Видео – Викендов женски одбојкарски турнир во СОУ ,, Димитар Влахов,, Наковски и Виктори против Партизан Белград и албанскиот шампион УМБ