• Sat. May 18th, 2024

Концерт на Фолтин во НУЦК „Антон Панов“ Струмица

ByЃ. K.

Sep 1, 2023

Групата Фолтин ќе одржи три самостојни концерти, во Куманово, Штип и Струмица. Во Куманово во Големата сала на НУЦК на шести септември, во Штип – НУЦК Голема сала на 13 и во Струмица – НУЦК Голема сала на 21 септември.

Фолтин имаат континуитетот од скоро 30 години концертно присуство пред домашната и меѓународна публика, а не ретко настапуваат и во помалите средини. На концертите ќе бидат изведувани и постарите песни на Фолтин, но и песните од последниот албум, „Симултан бакнеж“.

Концертите се организираат со поддршка на Министерство за култура и во соработка со центрите за култура во Куманово, Штип и Струмица.

By Ѓ. K.