Регион

Колку нови вработувања ќе има во градинките во Струмица?

200 нови вработувања во градинките низ Македонија во 2018 година планира министерството за труд и социјална политика. Толку пари се обезбедени за ресорното министерство со Буџетот за идната година. Оттаму велат до крајот на месецот ги чекаат барањата на општините за потребниот број нови вработувања и за проширување на просторните капацитети.

До крајот на месецов општините треба да ги поднесат барањата до министерството за труд и социјална политика за нови вработувања и екипирање на персоналот во градинките, з аизградба на нови или за проширување на постојните просторни капацитети.

Потоа дури ќе се знае во која општина колку вработувања ќе бидат одобрени. Ресорното министерствпо за в година планира 200 нови вработувања во градинките. Толку пари се обезбедени за Буџетот 2018 за вработување и за 5 процентно зголемување на платите на вработените во градинките, објасни денеска министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.

-Во 2018 година, Министерството за труд и социјална политика се фокусира на подобрување на опфатот на деца во детските градинки и подобрување на просторните и кадровски капацитети. ,,Најголемо зголемување има кај трансферите до единиците на локална самоуправа за блок дотации за детски градинки, кои изнесуваат 1 милијарда 578 милиони и 290 илјади денари. Предвидени се средства за 200 нови вработувања, за зголемувањето на платите за вработените во градинките за 5%, како и дополнителни средства за материјални трошоци за функционирање на градинките. Крајни корисници се околу 30 илјади деца во Република Македонија. Во буџетот се предвидени и 58 милиони денари за нови капацитети за изградба и опремување на детски градинки и објекти за социјална заштита”, потенцираше министерката Царовска.

Царовска додаде дека со буџетот на министерството изнесува 43 милјарди 375 милиони денари, најголем од сите ресори, а парите ќе бидат наменети најмногу за поддршка на социјално загрозените категории и за инклузија и помош на ранливите групи граѓани.

Царовска рече дека Во 2018 година се става акцент на активните мерки за вработување за што од Буџетот на Република Македонија во Агенцијата за вработување ќе бидат алоцирани 987 милиони и 500 илјади денари. Финансиската поддршка на фирмите за исплата на минимална плата изнесува 461 милион и 250 илјади денари. Овие средства значат подобрување на стандардот на над 70 илјади граѓани од семејства со минимални примања додаде министерката.

Препорачуваме:

Фотографии од пеплосаната внатрешност на струмичката касарна

Сузана Мицева

Ново задолжување од 700 милиони евра

Стојне Митева

31 година постоење на ТВ Канал ВИС