Регион

Коледарската песна ,,Вечниот Бог,, ја испеаа , деца од струмичката епархија во општинската зграда

,,Вечниот Бог,, ја испеаа децата од струмичката епархија навестувајќи го Христовото Рождество.Денеска ја отпеаа во општинската зграда , каде ги пречека првиот човек на општината, Градоначалникот Коста Јаневски.Им се заблагодари што се вклучиле во традицијата на христијанството , но и како што редот им подели коледарски пакети.

Отец Јаков со благослов од владиката Наум, вели дека од оваа година и дечињата од струмичката епархија се вклучуваат кон манифестацијата на МПЦ ,,Бадникови Поворки,,но нема да ја изостават и понатамошната промоција на вистинските вредности на христијанството.

Утре во 11 часот со утринска молитва во храмот Св.Кирил и Методија , дечиња од Струмица ќе ја предводат бадниковата поворка , која од овој божји дом ќе заврши во Храмот С.15 Тивериополски Свештеномаченици.

Препорачуваме:

Успешно реализирана крводарителска акција во о.Босилово

Dimitar Micev

Костуранов го дизајнираше новото лого на Универзитетот „Гоце Делчев“

Сузана Мицева

Основното јавно обвинителство Струмица ги расветлува причините за смртта на жена од Радовиш

Сузана Мицева