Спорт

КК Струмица со новиот тренер Атанасов славеа во Битола – победа против Пелистер

Кошаркарите на Струмица конечно ја остварија првата победа во прволигашкиот шампионат. Ги надиграа пелистерци сред Битола  со 86:76 и најавија дека нема да бидат фенерџија во елитното кошаркарско натпреварување. Победата доаѓа откако на чело на клупата на струмичани застана Васко Атанасов кој во Битола ја забележа и првата победа со македонски тим во својата тренерска кариера

Струмичани победата ја најавија уште во првата четвртина кога постигнаа двојно повеќе поени од домашниот Пелистер (32;16) кој неможеше да најде решение за прецизноста на КК Струмица. Битолчани се обидуваа во текот на средбата да ја анулираат високата предност на струмичани но неможеа.  Пред стартот на последните 10 минути стасаа до негатива од -3 но на сцена повторно настапија  избраниците на Васко Атанасов кои ја добија последната четвртина со 18:11  и со конечни 86:76 ја забележаа првата победа

Во таборот на Струмица најефикасен беше Дејл со 35 поени и Тајс со 20. Од останатите Делипетров постигна 9, Арсоски уфрли 8, новото име Митев 7 а како стрелци се запишаа и Цветков, Гилберт и Стојменов.

Следното коло е на втори декември Струмица е домакин на Шкупи

Препорачуваме:

Одбојкарките на „Наковски волеј“ станаа државни шампионки во младинска конкуренција

Сузана Мицева

Виктори се поблиску за разигрување за Шампионска титула, го освои Пелистер и сега се во Топ 4

Блокотехна прв финалист во КУПОТ

Ване Трајков