• Sat. May 18th, 2024

КИРИЛ ПАНОВ МЕЃУ НАЈДОБРИТЕ ЈУНИОРСКИ СТРЕЛЦИ ВО КОШАРКАРСКА ШПАНИЈА -ВИДЕО ОД НЕГОВИТЕ ПОЕНИ И МАЈСТОРИИ

Струмичкиот кошаркарски талент Кирил Панов кој четврта година е во редовите на шпански  Терра Алфас стана мета на повеќе  праволигаши од АБЦ лигата во Шпанија. Повеќе клубови од елитната шпанска лига покажале интерес за ангажирање на Панов во своите редови од наесен и не се исклучува можноста веќе од септември струмичанецот да биде во една од најсилните кошаркарски лиги во Европа.
Панов ова сезона со клубот Терра Алфас во просек постигнува по 29,4 поени по натпревар. На неговото конто во просек по натпревар се запишани 7,9 асистенции и 7,1 скокови а има и по 3,7 украдени топки на меч. Панов го сметаат како најопасен тројкаш во тамошната јуниорска лига имајки го во предвид процентот од 44% ефикасност од линијата за три .
Панов во Шпанија замина во 2014 како кошаркар од Ролинг 08 од Струмица и набргу го привлече вниманието на кошаркарските работници  на црвената фурија.  Паралелено Кирил постојано е и македонски репрезентативец а во моментов носител на македонската селекција У 18.
Еве ги мајсториите на Кирил Панов кој  го привлече вниманието на шпанските прволигаши…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *