Спорт

Екипи од земјава, Србија и Бугарија играа на турнирот во чест на Филип Лазаревски – победници Реал од Ниш

Младите на ФК ,,Реал,, од Ниш – Србија се победници на првиот меморијален фудбалски турнир ,,Филип Лазаревски,, што го организираше Академија Пандев заедно со семејството на починатиот млад фудбалер.

Тие во финалето ги совладаа фудбалерите на Вардар од Скопје по изведување на пенал рулетот откако регуларниот дел заврши 2:2. Третото место им припадна на гостите од Бугарија. Наградите за најдобрите екипи и поединци ги доделија преставници од Академијата, семејството Лазаревски и претседателот на Советот Марјан Даскаловски

На турнирот учествуваа шест екипи и тоа младите на Академија Пандев, Беласица, Вардар и селекцијата на ФФМ од земјава, Лудогорец од Бугарија и Реал Ниш од Србија

Учесниците ја пофалија организацијата на турнирот и му одадоа почит на Филип кој лани загина во сообраќајка а беше дел од таборот на Академија Пандев но и младински репрезентативец.

Препорачуваме:

Скопје ја победи Академија Пандев во гости

Сузана Мицева

Виктори волеј го пречекува лидерот Бами кор, Наковски штипски УГД а Макс тетовски Универзитет

Јаневски им го честиташе освоеното прво место на одбојкарките на ООУ „Видое Подгорец“