Регион

Кај Гевгелија приведени две лица за криумчарење мигранти

На 12.06.2022 во 22.30 часот на автопатот граничен премин „Богородица“ – Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин „Богородица“ ги лишиле од слобода Б.А.(35) и И.А.(63), двајцата од Тетово. При преглед во возилото „бмв“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал Б.А., а совозач бил И.А., биле пронајдени 10 лица – мигранти од Сирија. Мигрантите биле предадени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија, а лицата биле приведени во полициска станица за понатамошна постапка. Во координација со Јавен обвинител, по целосно документирање на случајот, против Б.А. и И.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.  

Препорачуваме:

Патната инфраструктура ни е приоритет, се градат улици во Градашорци а наскоро и во Пиперево и Василево – кажа градоначалникот Јанев

Последните три години во Струмица регистрирани околу 1000 жртви на семејно насилство

Сообраќајка на влез од Баница