Регион

Католиците денеска го слават Велигден

Католиците денеска го слават најголемиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден.

Традиционално во Македонија, централното одбележување по повод празникот се одржа синоќа во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, каде имаше велигденска воскресна литургија.

Велигден е најголмиот христиајнски празник со кој се прославува христовото враќање во живот-воскресението.Според христијанското верување тоа се случило на третиот ден после неговата смртт.

Оваа година Римокатолиците го одбележуваат Велигден на 27 ми март, а православните, кои верските празници ги одбележуваат по Јулијанскиот календар, на 1 ви мај.

Во Ватикан од изутрината папата Франциксо ја служи Велигденската миса и ќе го упати традиционалниот велигденски благослов.

Препорачуваме:

Поткуп во Радовиш–на гласачи им се ветувал приклучок за вода ако гласаат за одредена партија

Во првите шест месеци од годината зголемен бројот на пожари во Струмица

Приведен крадец во Струмица

Ѓ. K.