Регион

Карневалскиот одбор вечерва одлучи да нема карневал во сабота

Струмица нема да има карневал во сабота. Вечерашниот концерт под маски на основното музичко училиште „Боро Џони“ беше првиот но и последен масовен карневаслки настан. Така одлучи вечерва карневалскиот одбор на Струмица поради појавата на првиот случај на корона вирусот во државата, но и поради мерките на претпазливост што почнаа да ги преземаат земјите во регионот. Ваквата одлука се очекува утре претпладне да ја потврди и Владата којашто или ќе препорача или ќе забрани одржување на масовни настани во затворен и отворен простор.

Тоа значи дека се одложуваат и останатите карневалски настани како маскенбалот на којшто се избира принцот и принцезата, големото карневалско дефиле во сабота и детскиот карневал. 

Не е утврдено кога би се одржал карневалот. Ова е посебно издание на струмичкиот крневал. Тој годинава одбележува 3 децении јубилеј од почетокот на одржување на организирана форма по централните градски улици.

Граѓаните по социјалните мрежи коментираат дека ваквите препораки треба да важат и за кафулињата, а особено баровите, каде во релативно мал затворен простор има стотици млади лица. 

 

Препорачуваме:

Еко – градинки за одржлива иднина

Dimitar Micev

Помина еден месец од најавата дека за 10 дена ќе се реотвори оглас за распределба на coц. станови

Александар Донев реизбран за претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ Струмица