Регион

Канал ВИС во третиот квартал најгледан во Југоистокот а втор во државата како регионална телевизија

ТВ Канал ВИС и во третиот квартал од 2021 година ужива висок рејтинг меѓу гледачите во Југоистокот или реонот Боскија Д4. Во регионот е најгледана телевизија а на ниво  на држава како регионален телевизиски медиум е втор по гледаност со опсегот на дневно и неделно ниво.  Ова се податоците кои ги објави Агенцијата за адуио визуелни медиумски услуги  (АВМУ) кој на секој квартал го мери досегот и вкупната гледаност на телевизиските станици во земјава, независно дали се локални регионални или национални

Во Македонија функционираат 18 регионални телевизиски медиуми кои се поделени во 8 региони. Во Југоистокот функционираат два,  од кои  ТВ Канал ВИС  има неделен опсег на гледаност од 15,2 % . Ова значи дека 15,2 испитаниците  од Југоистокот кажале дека во текот на последната седмица мегу многуте телевизиски станици понудени  преку операторите, ја гледале и програмата на ТВ Канал ВИС

Според информациите во Југоистокот севкупно се емитуваат 80 тина телевизиски канали  домашни и странски заради што вкупниот удел на ТВ Канал ВИС е 1,22 проценти  констатира Агенцијата за аудиовизуелни меидумски услуги

Најмногу гледаност Канал ВИС има за време на вестите што се емитуваат секој ден  но и емисиите што ги продуцира како што се Дневна соба, Вис а вис, Вис спорт, Тв Ординација, Детско катче, Агроинфо, Црвило, 15 минути со  Неделно Попладне, Моето село.  Гледаност има и програмата што ја откупува од повеќе продукциии Според истражувањата  довербата доаѓа од гледачи на секоја возраст но најмногу се изјасниле гледачи на возраст од 20 до 40 години и над 60 години.

Во Југоистокот биле анкетирани 204 граѓани на различни возрасти. Најмногу во Струмица и Рaдовиш а опфатени се и жители од Гевгелија, Дојран , Богданци, Валандово , Василево, Ново Село, Босилово и општина Конче

Препорачуваме:

Хелсиншки комитет: Во транзитниот центар Винојуг претопло и нечисто

Од утре (петок) исплата на ковид помошта за тутунарите

Ване Трајков

Млади правници со бесплатна правна помош на семејства со ниски приходи

Dimitar Micev