Свет

Канадски авион регистрира подводни звуци во потрагата по исчезнатата подморница

Се трага по подморницата „Титан“, резервите на кислород на патниците траат до петок. Спасувачките тимови и натаму во трка со времето.

Кратко по полноќ по локално време, на канадскиот остров Њуфаундленд, се појавиле првите извештаи кои упатуваат на потенцијални знаци на надеж во потрагата по подморницата „Титан“ за обиколка на остатоците на бродот „Титаник“, која со петчлен екипаж пред три дена исчезна во водите на северниот Атлантик. 

Канадски авион кој учествува во потрагата по исчезнатата мини-подморница наречена „Титан“, регистрирал звуци на силно тропање под водата кои се повторувале секои 30 минути во областа која се пребарува. Ваквата информавија е потврдена и од страна на американската крајбрежна стража. 

Препорачуваме:

Бибер: Францускиот предлог е катастрофа

Сузана Мицева

Триумфот на австриските десничари!

ЕУ воведува контрола врз резервите жито, земјите ќе мора да испраќаат месечни извештаи

Сузана Мицева