Регион

Кампањата „МВР за граѓаните –  заедница, доверба и одговорност“ и во Струмица

Министерството за внатрешни работи, а со тоа и Секторот за внатрешни работи Струмица денес започна со реализирањето на кампањата „МВР за граѓаните –  заедница, доверба и одговорност“. Во рамките на кампањата денеска на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица со делење на летоци и непосреден разговор со граѓаните ја потенцираа пораката на оваа кампања дека полицијата постои за да биде во служба на заедницата, да креира побезбедни средини за граѓаните каде тие ќе чувствуваат поголема сигурност.
Факт е дека граѓаните најдобро знаат со какви предизвици се соочуваат во заедницата во која живеат. Преку нивното идентификување, анализа и коренито решавање имаме за цел да влијаеме за долгорочно намалување на тие проблеми.
Станува збор за концепт кој го развиваме во последните неколку години, а за тоа говорат и бројните превентивни активности кои ги реализиравме на подрачјето, меѓу кои „застани разговарај“, „заштита од провални и дрски кражби“, „заштита од измами“, „стоп за возење под дејство на алкохол“, „паркирај совесно, паркирај одговорно“ и други.
Истражувањата и анкетите покажуваат дека довербата во полицијата расте, благодарение на зголемената ефикасност на полицијата и намалување на криминалитетот кое нешто го потврдуваат и податоците според кои:
–        Во текот на 2022 година на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица биле пријавени 260 кривични дела „тешка кражба“, а бројот на овие дела во 2021 бил 299.
–        Во текот на 2022 година на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица биле пријавени 98 кривични дела „ кражба“, а бројот на овие дела во 2021 бил 131.
–        Во текот на 2022 година на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица биле пријавени 9 кривични дела „ разбојништво“, а бројот на овие дела во 2021 бил 19.
 Во однос на откривачката дејност во текот на 2022 година реализирани се:
–        41 % од пријавените тешки кражби;
–        40 % од пријавените кражби и
–        100 % од пријавените разбојништва
Наш главен приоритет останува да градиме полиција која ќе биде видлива, полиција која ќе го познава маалото и маалото ќе ја познава неа, па затоа денес во Струмица, а во наредните саботи во Валандово, Радовиш и Гевгелија ја реализираме оваа кампања, со цел уште повеќе да ја доближиме полицијата до граѓаните, да градиме доверба и со меѓусебна соработка да ја зголемиме безбедноста, која е од заеднички интерес за сите нас.

Препорачуваме:

ВИДЕО: Доколку не се почитуваат мерките, нов бран за две седмици

До вчера вакцинирани 600 новинари и медиумски работници

Стојне Митева

МЗШВ: Во тек се вкупно четири јавни повици за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост

Ване Трајков