• Mon. May 20th, 2024

Какви се условите во струмичкиот затвор

По последната прес конференција на Васка Бајрамова , заменик правобранител на која упати остри критики до казнено поправниот дом во Струмица за како што вели крајно катастрофалните услови во кој се сместени приведените и осудени лица денес од оваа установа ги отфрлија обвинувањата дека сликата и не е таква реално.
Бајрамова беше категорична дека танува збор за нечовечки услови, затворениците одат во тоалет без врата, хигиената е на најниско ниво и на притворените им е ускратено правото на непречена здравствена заштита и остварувањето на други права за време на издржувањето на мерката притвор или казната затвор во казнено-поправните установи“.
Денес го контактиравме директорот на затворот во Струмица Борче Цветков кој во телефонски разговор за нашата телевизија не само што ги отфрли констатациите на Бајрмова , но и упати покана до наша екипа , наредната седмица да се снима во установта.Цветков вели дека по неговото превземање на функцијата хигиенските условите се далеку подобрени, лекар доаѓа 2 пати неделно а по препорака и издаден упат лицата кои се сметени таму ја добиваат и потребната здавствена заштита и надвор од корпусот.
Според Бајрамовса констатирано е и повреда на правото на приватност, лоши материјални услови, нефункционален систам на повикување, а според разговорот со притворените се пожалиле дека биле навредувани на национална основа.
И на ова Цветков со став дека дека сликата не е реално таква.
НАшата екипа ја прифати поканата од директорот па се надеваме дека веќе наредната недела ќе ја доловиме реалната слика за Казнено поправниот дом во Струмица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *