Спорт

Италијанска „Brera“ потврди дека го купи македонскиот прволигаш Академија Пандев

Италијанската компанија „Brera Holdings“ е нов сопственик на Академија Пандев,а денеска официјално е потврдено преземањето на македонскиот фудбалски прволигаш.

„Компанијата Brera Holdings ја продолжува својата имплементација на стратегијата која ќе форсира за ширење и промоција на брендот Brera во Источна Европа. Со купувањето на Академија Пандев и ребрендирањето во Брера, планот е да се зголеми тимскиот напредок“, изјави извршниот директор на компанијата, Серџо Скалпели.

Првата фудбалска лига на Македонија продолжува претстојниот викенд, а Академија Пандев многу брзо ќе го промени името и до крајот на сезоната ќе се бори за опстанок во елитата.

Препорачуваме:

Пандевци меѓу четирите екипи што ќе се борат за КУП титулата

Дури 11 млади радовишани се закитија со медали во Џудо

Ване Трајков

ОК Струмица Никоб отпатува за Холандија на првиот меч од ЛШ против Апелдорн 

Ване Трајков