Регион

Истрага на МВР за потеклото на хуманитарните пакети од семејството Заеви

 

Полиција пред магацинот каде што се пакуваат производите што ги донира семејството Заеви. Стопирана е дистрибуцијата на хуманитарните пакети до општините коишто се наменети за граѓани од социјално-ранливи групи. Ваква е сликата денеска пред објектот на поранешниот ресторан Герас Цунев каде изминатиот период се пакува стоката за хуманитарната акција што ја спореведува здружението „Сите заедно можеме“ а ја поддржува семејството Заеви од Струмица. 

Полицијата синоќа упаднала во објектот и барала документи за потекло ан стоката. Од здружението изјавиле дека документите се кај донаторот односно кај семејството Заеви. Александар Марковски, претседател на здружението, за канал ВИС изјави дека се сомнева дека станува збор за политичка завера конструирана од Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ само затоа што станува збор за донација којашто ја обезбедува семејството Заеви. 

Од МВР информираат дека инспектори за економски криминал самостојно влегле да проверат потекло на производите што се донираат. 

 

Препорачуваме:

Традиционален осмомартовски марш на струмичките социјалдемократки

Сузана Мицева

„Ристо Шишков“ за Александра Пешевска

Сузана Мицева

ВИДЕО: Уметникот Живко Поповски Цветин и подели „Мироносни цвеќиња“ на новороденчињата за Божиќ