Регион

Иницијатива: 100% плата за сите работници заболени од Ковид-19

Иницијатива: 100% плата за сите работници заболени од Ковид-19

Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР) испрати иницијатива до Уставниот суд за утврдување на законитоста и уставноста на точка 408 од Правилникот за професионални заболувања (Сл. Весник РСМ бр. 118/20). Здружението бара од Уставниот суд да ја поништи оваа дискриминирачка одредба и да се донесе нова одредба со која секој работник кој работи на работни места, каде во согласност со Законот за Безбедност и здавје на работа е утврдено постоење на зголемен ризик за заразување со САРС-КоВ-2 вирусот и/или појава на болеста Ковид-19, во случај на инфекција или заболување, да може да ги оствари своите уставно загарантирани права за безбедна работа и еднаквост.

„Целосно поддржуваме лекарите и целиот медицински персонал, како и ветеринарскиот и друг помошен персонал и во иднина да ги остваруваат своите права при заболување од Ковид-19 како професионална болест, како што е сега утврдено“, нагласуваат од МЗЗПР. Но, многу е важно конечно да бидат прифатени предложените измени со цел обезбедување на уставно загарантираните права на сите работници, односно признавање на Ковид-19 како професионално заболување за секој работник во земјата. На овој начин секој вработен, наместо досегашните 70% ќе оствари право на боледување со надомест во висина од 100% од својата плата. Ваквиот пристап е многу важен, особено во време кога се бориме за зачувување на секое работно место и егзистенција за секој граѓанин“, истакна Милан Петковски, претседател на МЗЗПР.

Препорачуваме:

Црвениот крст со апел: Настраданите од земјотресот во Албанија немаат потреба од храна и топла облека

Сузана Мицева

Почна чистењето на атмосферските канали во Струмица и населените места.

Ване Трајков

Се трага по 29 годишно момче кое исчезна во водите на браната кај село Дрвош

Ѓ. K.