Регион

Изложба на Киро Урдин во Букурешт по повод 2 Август

По повод 2 Август, Денот на независноста во еминентната галерија „Константин Бранкуши“, сместена во рамките на Центарот за конференции во импозантната зграда на Романскиот парламент во Букурешт, вечерва ќе биде отворена изложбата „Табула Раса” на македонскиот мултимедијален уметник Киро Урдин.

На два монитора во галеријата со површина од околу 600 квадратни метри посетителите ќе можат да ги проследат документарните филмови на Урдин, „Планетариум” и „Табула Раса”.

Куратор на изложбата е историчарката на уметност Марика Теохаревска, а комесар на проектот е историчарот на уметност Јане Теохаревски.

Изложбата, која ќе  трае до 31 август, финансиски е поддржана од нашето Министерство за култура, медиумски спонзор е каналот „ТВ Културал“  на Романската национална телевизија, а помагатели се македонската амбасада во Букурешт, „Пивара“ Скопје, винаријата „Попова Кула“ и „Меана“ од Букурешт.

Урдин неодамна имаше успешен настап во галеријата „Амадлози“ на Африканскиот центар за културно наследство во Мајами во Флорида, со изложбата „Предци“.

Препорачуваме:

Подбеласичкиот појас се поврзува со нов асфалтен пат.Истиот е во должина од 4 километри

Ќе се прават истражувања кај Раклиш за термални води

Ване Трајков

На ГП Богородица фатен гевгеличанец со 387 штеки разни видови цигари и 1250 грама тутун

Ѓ. K.