Македонија Огласник

Изготвен е сертификатот за прележан коронавирус, може да се подигне кај матичниот лекар или онлајн

Министерството за здравство информира дека во националниот систем „Мој термин“ е воведена можноста за издавање  сертификат за прележан Ковид-19.

Сертификатот се издава за сите лица кои во последните 9 месеци биле позитивни на Sars-Cov-2 и се регистрирани како позитивни случаи во националниот систем. Сертификатот може да се преземе кај матичниот лекар или со најава на страницата vakcinacija.mk Сертификатот е на македонски и англиски јазик, содржи податоци за лицето (име и презиме, ЕМБГ, ЕЗБО, датум на раѓање, пол) тип на тест, датум на тестирање, датум на позитивен резултат, здравствена установа (лабораторија) каде е направено тестирањето, како и QR-код.

Сертификатот е заверен со дигитален печат на Министерството за здравство.

извор: makfax

Препорачуваме:

Денеска е Бадник, ден пред Христовото раѓање

Сузана Мицева

Пожарникарите со барања до Владата, најавуваат протест

Ване Трајков

Се зголемува цената на бензините

Сузана Мицева