• Tue. May 14th, 2024

Избрани најдобрите на конкурсот за книжевната награда „Караманов 2023“ – Радовиш

ByЃ. K.

Oct 9, 2023

РЕЗУЛТАТИ ЗА КНИЖЕВНАТА НАГРАДА „КАРАМАНОВ 2023“ – ЗА МАКЕДОНСКИ АВТОРИ

Советот на 50 Караманови поетски средби, издавачот и организаторот на средбите – Центарот за култура „Ацо Караманов“ – Радовиш заедно со ОНБ „Браќа Миладиновци“ – Радовиш и жири комисијата за избор на најдобри поетски ракописи добиени по конкурс за 50 Караманови поетски средби во состав: проф. д-р Даниела Андоновска Трајковска – претседател и Борче Панов и Славчо Атанасов – членови ја информираат јавноста дека:

1. Книжевната награда „Караманов 2023“ за најдобар необјавен поетски ракопис од македонски автори и автори коишто пишуваат на македонски јазик, едногласно, ја добива поетскиот ракопис со наслов „ПОИНАКОВ СОН“ од поетот ИВИЦА ЧЕЛИКОВИЌ.

Образложение од страна на жири комисијата:

„На годинашниот конкурс за наградата „Караманов 2023“ се јавија 27 поети со свои необјавени поетски ракописи. Од селектираните три најдобри ракописи во најтесен избор: „МОНОЛОГИЈА НА ПИРЕЈОТ„ од Љубинка Донева, „АПОСЕМИЧНА МИМИКРИЈА“ од Димитра Десановска, поетскиот ракопис „ПОИНАКОВ СОН“ од ИВИЦА ЧЕЛИКОВИЌ се издели од останатите ракописи со својата оригиналност, актуелноста, раскошна метафорика и рефлексија. Воедно оваа поезија се издели и со широката панорама на метафизичкото како лајтмотив во тематската палета за падот на изгубените вредности на современата цивилизација.

Во знак на 50 години јубилеј, жири комисијата ја наградува и книгата „АПОСЕМИЧНА МИМИКРИЈА“ од младата поетеса Димитра Десановска за надобро дебитантско остварување.

2. Жири комисјата ја наградува и книгата „МОНОЛОГ НА ПИРЕЈОТ“ од Љубинка Донева со специјална награда како второпласиран ракопис заради исклучителните вредности на стихот како апологија на болката и патриотскиот патос.

Лауреатот и сите наградени поети ќе бидат промовирани на јубилејните 50 Меѓународни Караманови поетски средби кои ќе се одржат во периодот 27-29 октомври 2023 година во Радовиш.

Совет на 50 Караманови средби Радовиш

Жири комисија за наградата КАРАМАНОВ 2023

проф. д-р Даниела Андоновска Трајковска – претседател

Борче Панов – член

Славчо Атанасов – член

By Ѓ. K.