Свет

Избори во САД 2020 година: Канје Вест започна необична кампања за претседател

Канје Вест официјално ја започна кампањата за претседателските избори во САД во 2020 година, на невообичаен митинг во Чарлстон, Јужна Каролина.

Вест, кој има 43 години, се кандидира пред неговата Роденденска партија.

За време на настанот, раперот држeл спонтани политички говори, а имал и неколку тиради – вклучително и оние на темата абортус.

Фановите се прашуваа дали оваа номинација за Белата куќа е всушност промотивен трик.

Митингот во Чарлстон не одговори на прашањата дали неговата кандидатура е вистинска. Но, еден твит, кој сега е избришан, објавен на профилот на Вест, наводно, прикажувал список на песни за новиот албум – што придонесе за шпекулации.

На настанот, кој се одржал во салата за свадби и конференции, можеле да присуствуваат само регистрирани гости – но немало можност луѓето да се регистрираат или да го потврдат нивното присуство на веб-страницата за кампања на Вест.

Вест се појавил со бројот „2020“ избричен на задниот дел од главата и облечен во заштитен елек, а на публиката и се обратил без микрофон.

Микрофон немало ниту во публиката, па токму затоа Вест постојано им велеле на луѓето да молчат за да може да ги слушне поставените прашања.

Во еден момент, тој почнал да плаче додека зборувал за абортус, велејќи дека неговите родители за малку ќе се решеле да направат абортус: „Не би бил Канје Вест, затоа што татко ми беше премногу зафатен“.

Тој додаде: „За малку ќе ја убиев ќерка ми … дури и ако мојата сопруга (Ким Кардашијан Вест) се разведе од мене по овој говор, таа ја донесе Норт на овој свет, дури и кога не сакав“.

извор: Макфакс

Препорачуваме:

Загинати во пожар во Грција

Стојне Митева

„Луфтханза“ ќе отпушти 29.000 вработени до крајот на годината

Во Хрватска 333 нови случаи на коронавирус

Сузана Мицева